Уметничкото дело „Femme au Beret Mauve“ од познатиот шпански уметник Пабло Пикасо, како што објавија странските медиуми, оди на аукција. Станува збор за слика што јавноста не можеше да ја види скоро 40 години.
Уметничкото дело на Пикасо е изложено во аукциската куќа „Bonhams“ во Лондон.
Според светските медиуми, аукцијата ќе се одржи на 13 мај во аукциската куќа „Bonhams Impressionist and Modern Art“ во Њујорк, а се претпоставува дека сликата ќе биде продадена за сума од 10 до 15 милиони американски долари.