Сега е и официјално: Најпопуларниот женски бенд во светот се распаѓа. Џеси Нелсон ја напушти групата „Little Mix“ по девет години.

Ова го потврдија и девојките од бендот, со соопштение кое е објавено на профилите на социјалните мрежи.

По одличните 9 години заедно, Џеси одлучи да ја напушти „Little Mix“. Ова е неверојатно тажен момент за нас, но во целост ја поддржуваме. Многу ја сакаме и се согласуваме дека е важно да го направи тоа што е најдобро за неа и нејзината благосостојба, како и за психичкото здравје“, се наведува во соопштението. Девојките изјавија дека сега ќе продолжат како трио.

EPA EFE
EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Знаеме дека многумина ќе бидат вознемирени од овие вести. Ве сакаме и благодарни сме ви на довербата и континуираната поддршка. Се радуваме што ќе ве видиме на турнејата“, наведоа тие.

Веднаш по соопштението на групата, со соопштение се огласи и Џеси, наведувајќи дека со групата направила работи за кои може само да сонува.

Вистина е дека тоа што сум во бендот во последно време значително влијаеше на моето психичко здравје. Тешко ми е да го поднесам притисокот од тоа што бев во женската група и притисокот дека морам да ги исполнам очекувањата. Во животот доаѓа време кога мораме да се грижиме за себе си, да се направиме себе си среќни и сега е момент да го направам тоа“, рече Џеси.

Instagram
Instagram

По многу размислувања, со тешко срце, соопштувам дека ја напуштам групата „Little Mix. Морам да поминам повеќе време со луѓето кои ги сакам, правејќи работи кои ме прават среќна. Подготвена сум да започнам ново поглавје во животот – не сум сигурна како ќе изгледа тоа, но се надевам дека ќе ме поддржите“, додаде таа.

Откако им се заблагодари на фановите, таа упати и посебен поздрав до колешките од групата.

Најмногу од сè сакам да им кажам благодарам на Џејд, Пери и Лејт Ан кои се дел од некои незаборавни спомени. Се надевам дека ќе продолжите да ги исполнувате своите соништа и ќе продолжите да правите музика која луѓето ја сакаат“, заклучи Џеси.

Преземено од Еспресо.мк