Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 4.370 тестирања, а регистриран е 21 нов случај на КОВИД-19 од: Кичево – 6, Скопје и Тетово – по 4, Прилеп – 2, Битола, Велес, Дебар, Куманово и Охрид- по 1.

Регистрирани се 7 оздравени пациенти од: Скопје – 4, Кичево – 2 и Струмица – 1.

Пријавено е 1 починато лице: од Куманово (72г), во болнички услови.

Направени се 4.370 тестови преку: ИЈЗ-124, ЦЈЗ Скопје-59, ЦЈЗ Битола-85, ЦЈЗ Прилеп-61, ЦЈЗ Тетово–30, ЦЈЗ Куманово–86, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-7, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 5, ГОБ 8-ми Септември-10, Институт за микробиологија–0, МАНУ-69, Жан Митрев (Филип Втори)-277, Авицена-339, Биотек-777, Систина-137, лабораторија Лаор-461, Синлаб-114, Ремедика-133, Плодност–106, Генеа–122, Никоб лаб-706, ВФВ Медикал-18, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 644.

Досега во земјата се направени вкупно 831.031 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.528, бројката на оздравени пациенти е 149.619, на починати е 5.471, а бројот на активни случаи изнесува 438.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.