Јужноморавскиот регион во Чешка, особено регионите Брецлав и Ходонин, во четвртокот вечерта беа погодени од многу силно невреме со град, кое оштети куќи, автомобили и зеленила. Се појави и торнадо над седум села проследено со бура и град со големина на тениски топчиња. Торнадата се исклучително ретка појава овие географски широчини. Метеоролозите проценуваат дека синоќа торнадото достигнало од трет до четврти степен, што значи брзина од над 300 километри на час. Невремето однесе најмалку три човечки животи.

Advertisements

Околу 150 до 200 луѓе се повредени. Некои села остануваат отсечени луѓето од оштетените куќи се евакуирани. Затворен е скоро целиот автопат Д2 во правец на Брно. Околу 32.000 домаќинства останаа без електрична енергија. Спасувачките служби од другите региони и држави исто така помагаат во регионот. Армијата ќе испрати две инженерски единици на југот на Моравија, активирајќи механизирана бригада.

Прикажи повеќе