Бугарската новинска Агенција, БТА, го спроведе стандардниот избор за најдобар спортист на Балканот, а во 2022 година тоа е романското пливачко чудо Давид Поповичи.

Advertisements

Поповичи има 18 години и во 2022 година стана и европски и светски првак на 100 метри и победи во изборот на БТА со 64 бода. Зад него е Новак Ѓоковиќ со 61 бод. Новак е рекордер дури со 7 пехари во изборот за најдобар балкански спортист.

Лука Модриќ, хрватскиот фудбалски репрезентативец и играч на Реал Мадрид, е трет со 48 бода. Во изборот учествуваа точно 10 информативни агенции, меѓу нив и Македонската информативна Агенција, МИА.

Прикажи повеќе