1540 Во местото Рудај Филдс, во близина на англискиот град Честер се одржа првата современа трка со коњи во светот.
1573 По поразот на востаниците на Матија Губец во Стубичката битка била задушена Селанската буна на хрватско-словенечките селани.
1849 Италијанскиот револуционер Џузепе Мацини го прогласи Рим за Република.
1861 Џеферсон Дејвис е избран за претседател, а Александар Стивенс за потпретседател на Конфедералните американски држави (робовладетелски држави отцепени од САД).
1922 Признато му е авторското право на францускиот композитор Пјер Дегејтер на музиката за пролетерската химна „Интернационала“. Дегејтер уште во 1888 година напиша музика за текст на пролетерскиот поет Ежен Потје и таа првпат беше изведена истата година спроти празникот на здруженијата на француските социјалистички новинари. При првото изведување случајно е изоставено името на композиторот, па Дегејтер подоцна со години залудно го докажуваше своето авторство.
1923 Формирана е советската државна воздухопловна компанија „Добролет“ која во 1932 година го промени името во „Аерофлот“.
1943 Втора светска војна: Почна битката на Неретва, позната како Битка за ранетите, една од најзначајните битки во текот на НОВЈ против фашизмот. Битката траеше до 31 март истата година, а во неа беа спасени околу 3.500 ранети и префрлени на слободна територија.
1944 Во блисина на Илин Врв (во близина на Прилеп) I македонско-косовска ударна бригада со
изненадувачки напад ја разбива бугарската колона која е пратена во потера по неа.
1945 Научникот Селман Ваксман и неговиот студент Алберт Шац го открија антибиотикот стрептомицин наменет за болните од туберкулоза. Ваксман својот прв антибиотик го откри во 1940 година, но тој се покажал како токсичен по здравјето на луѓето.
1962 Јамајка стана независна држава во рамките на британскиот Комонвелт.
1995 Република Македонија и Република Индија воспоставија дипломатски односи.