Необична зграда на Златибор во Србија стана вирален хит.
Во овој популарен ски-центар и планинарска дестинација се наоѓа имот кој веќе некое време го привлекува вниманието на туристите.
Фотографиите сега почнаа да се споделуваат на социјалните мрежи.
„Градежно-архитектонски изрод“, „Зошто е долниот дел на врвот?“, „Вистина ли е ова, како ја пуштија?“, „Ах, слатко превртена торта, дното е горе“, „Јас Ова никогаш никаде не сум го видел“, се само дел од коментарите.