Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во своето гостување во дневникот на ТВ Сител истакна дека примарната причина заради која што смета дека треба пописот да се одложи за следната година пред се е епидемиолошката состојба и грижата за здравјето на граѓаните.

„Примарната причина заради која што сметаме дека треба пописот да се одложи за следната година како што направија многу земји од европскиот континент, земји од регионот е здравствениот фактор. Имаше опција која што ние ја понудивме бидејќи се согласуваме дека на Македонија насушно и е потребен попис, доколку сакавме во еден ваков кризен период да го направиме тој попис можеше тоа по електронски пат да се направи што значи ставот кој што јас го гледам во моментов е доста конзистентен има сеуште време пред да почне попишувањето на резидентното население владата да се освести дека не е сега период да се направи попис, граѓаните се загрижени, како некој ќе влегува во нивните домови, дали тие ќе се доволно безбедни. Да бидеме рационални да попис ни треба, можеме да дискутираме за методологијата но дајте тој попис да го одложиме за некој период кога ќе се подобри епидемиолошката состојба и кога ќе можеме да гарантираме за здравјето на граѓаните“ истакна Муцунски.