Локален советник во Пенсилванија е реизбран со убедлива победа на изборите во вторникот, покажаа привремените податоци објавени од локалните медиуми, иако тој почина минатиот месец од рак.

Advertisements

Демократот Тони Де Лука почина на 85-годишна возраст на 9 октомври од лимфом, а тогаш било предоцна да се сменат гласачките ливчиња.

Локалниот советник кој 20 години го претставувал 32-от округ на Пенсилванија во предградијата на Питсбург во Долниот дом на државата е реизбран со 86 отсто од гласовите, откако беа преброени 98 отсто од гласачките ливчиња.

По ваквата одлука на гласачите, изборите мора да се повторат.

„Длабоко сме тажни поради загубата на Тони Де Лука, но и горди што гласачите ја покажаа својата доверба во него и неговата посветеност на демократските вредности со неговиот реизбор постхумно“, објави на Твитер раководството на Демократската партија во Пенсилванија.

Прикажи повеќе