
Осминафиналето на Купот на Кралот не донесе ниту едно изненадување и само клубови од најелитната категорија ќе играат во борба за полуфиналето, единтвената рунда во која се играат два натпревари.
Со оглед на слободната ждрепка можно е „Ел Класико“ уште во четвртфиналето, а екипата која ќе биде прво извлечена, ќе биде домаќин во единствениот натпревар. /Gol.mk/
Четвртфиналисти на Купот на Кралот:
Валенсија
Севиља
Осасуна
Барселона
Реал Сосиедад
Атлетик Билбао
Реал Мадрид
Атлетико Мадрид
Ждрепката е попладнево од 13:00 часот, а натпреварите од четвртфиналето се играат на 24,25 и 26 јануари.