Долготрајната изложеност на загаден воздух ја зголемува можноста од депресија, покажуваат две нови истражувања објавени во научните списанија „JAMA“.
Претпоставките дека загадувањето на воздухот влијае и на менталното здравје, не се ништо ново. Но, новите сознанија потврдуваат дека долготрајната изложеност на покачени нивоа загаден воздух го зголемува ризикот од депресија кај повозрасните лица, како и од анксиозност. За да ги проучат последиците од загадувањето на воздухот врз постарите Американци, истражувачите од Харвард и Универзитетот Емори ги анализираа податоците од речиси девет милиони луѓе од американското „Медикер“ здравствено осигурување, за луѓе на возраст над 65 години.
На повеќе од 1,52 милиони од нив им била дијагностицирана депресија во времето 2005 – 2016 година.
Набљудувавме статистички значајна негативна поврзаност меѓу долготрајната изложеност на покачени нивоа загаденост на воздухот и зголемената опасност од депресија во подоцнежниот живот… Се забележува дека социоекономски загрозените поединци опфатени со овој труд се изложени на многу поголема опасност од депресија во подоцниот живот. Тие луѓе се истовремено изложени и на социјален стрес и на лоши еколошки услови, вклучувајќи го и загадувањето на воздухот. Постарите можат да бидат особено ранливи на депресија поврзана со загадувањето“, се наведува во истражувањето.
Загадувачите на кои биле изложени луѓето со дијагностицирана депресија, се прашина, чад, азот диоксид, којшто главно се испушта во сообраќајот и озон, што го испуштат и електраните и рафинериите.
Загадувањето на воздухот се поврзува и со и заболувања на крвоточниот систем, како и дишните патишта.
Иако депресијата е помалку застапена кај постарите во споредба со помладото население, (кај првите) може да се појават сериозни последици, како што се когнитивно оштетување, физички коморбидитети и смрт“, велат научниците.
И во другиот научен труд, научници од Велика Британија и Кина ја истражуваа поврзаноста меѓу долготрајната изложеност на повеќе загаден воздух и зачестеноста на депресија и анксиозност. Проучувањето опфатило 390.000 луѓе, главно Британци, во период од 11 години и откриле дека постои зголемена можност од депресија и анксиозност дури и на дозволените нивоа на загаденост во оваа западноевропска земја.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.