Полска не се плаши од губење на средствата на Европската унија, изјави денеска полскиот премиер Матеуш Моравјецки, ден откако Европската комисија предупреди дека може да ги загуби повеќето пари за развој, освен ако таа земја не го поправи судскиот систем. Варшава е на судир со Брисел во последниве години од бегалците и политизацијата на полското правосудство до климатските промени и правата на ЛГБТ.

Вчера портпаролот на Европската комисија рече дека земјата може да го загуби огромното мнозинство од 75 милијарди евра развојни фондови со оглед на тоа што Варшава не ги исполнува демократските стандарди за независност на судството. „Не мислам дека средствата од ЕУ – кохезионите фондови, земјоделските фондови и фондовите за иновации и други – се загрозени“, рече Моравјецки, додавајќи: „Веќе се влеваат првите средства. Најверојатно во следните неколку месеци, најверојатно ќе бидат ослободени првите авансни плаќања“.

Прикажи повеќе