
Најдобриот хрватски фудбалер, Лука Модриќ, стана единствен кој бил дел од Светско и Европско првенство во три различни декади. Неговото деби во „коцкестиот“ дрес датира од 2006 година, против репрезентацијата на Аргентина.
Модриќ е лидер на хрватскиот национален тим долги години. Досега има запишано 156 настапи и има постигнато 23 погодоци.
Хрватите се надеваат на повторување на успехот од пред четири години, кога играа финале на Мундијалот, кое за нивна жал го загубија од Франција.