Прелиминарната истрага за оштетување на двата гасоводи Северен тек во данскиот дел на Балтичкото Море покажува дека истекувањето било предизвикано од „моќни експлозии“, пренесува Sky News повикувајќи се на соопштението од полицијата на Копенхаген.
Од таму додаваат дека понатамошната истрага за прекините на гасоводите Северен тек 1 и 2 на 26 септември во ексклузивната економска зона на Данска ќе ја водат заеднички полицијата во Копенхаген и данската служба за безбедност и разузнавање.
Данските наоди се чини дека се слични на оние на шведските обвинители, кои рекоа дека две други оштетувања на цевководите најверојатно се предизвикани од експлозии и оти случајот се истражува како чин на груба саботажа.
Шведските и данските власти истражуваат четири истекувања од гасоводите коишто ги поврзуваат Русија и Германија преку Балтичкото Море и станаа точка на удар во украинската криза.
Истрагата сѐ уште е во тек.