Големо национално социолошко истражување во Србија покажа дека младите Срби најмалку сакаат Бугари, Хрвати и Албанци, пренесува агенцијата „БГНЕС“.

Истражувањето го нарачала српската младинска организација „Покрив“, а целосните резултати од истражувањето официјално ќе бидат објавени на 12. август во Белград на Меѓународниот младински форум, пишува „Новините“.

На прашањето „Каков е вашиот однос кон националните малцинства? на скала од четири бода, каде една е највисока, а четири најниска, Бугарите добија оценка 2,09. Хрватите добија оценка 2,04, а зад Бугарите и Хрватите се Албанците со оценка 2,52.

Младите во Србија најмногу ги сакаат Македонците и Црногорците, па им дадоа оценки од 1,75 и 1,68. Во средината се Унгарците, Романците и босанското малцинство.

Според истражувањето, 55 отсто од младите од Србија се против воведување санкции против Русија.