Во изминатата 2020 година, Мишел Обама, како и сите други, се најде во хаотичното секојдневие поради последиците кои ги нанесе пандемијата, а притоа зборуваше за предизвиците со кои се соочила во интервју за магазинот „ People“.
Поранешната прва дама на САД започна свое кулинарско шоу на Нетфликс наречено „Waffles+Mochi“. Мишел е ѕвезда и извршен продуцент на шоуто, но додека ја подготвувала серијата, се борела и со поблага форма на депресија, која и била дијагностицирана од психијатар.
„Има подеми и падови во животот кај секој од нас. Без оглед што правите, без оглед на вашиот социјален и професионален статус и заработка, оваа болест ги напаѓа сите, нема недопирливи за депресијата“, нагласи Обама.
Таа призна дека го доживеала првичниот шок кога нејзините ќерки се вратиле дома од колеџ поради пандемијата, но токму во семејството таа нашла дополнителна сила и удобност.