Претседателот на Европскиот Совет (ЕС), Шарл Мишел изјави дека постигнувањето на договор за воспоставување на блиски односи меѓу Европската Унија (ЕУ) и Велика Британија е „голем чекор напред”.
– Сеопфатниот договор со нашиот сосед, пријател и сојузник е најдобар исход за нашите граѓани и компании, посочи Мишел.
Тој истакна дека ЕУ во преговорите со Велика Британија покажала единство и одлучност.
– Ова беа многу предизвикувачки преговори, но процесот не е завршен. Сега е време на ЕС и на Европскиот парламент да го анализираат договорот постигнат на ниво на преговарачи, пред да дадат зелено светло, наведе Мишел.
Постигнатиот договор ЕК треба да се потврди на состанок на еврокомесарите, како и во парламентите на ЕУ и на Велика Британија.