По само три кола во пролетниот дел на Првата фудбалска лига падна и втората тренерска „жртва“ во вториот дел на шампионатот. По заминувањето на Захариевски и доаѓањето на Дуро на клупата на Струга Трим Љум, тренерска смена дојде и во Скопје.
Клубот од Автокоманда се раздели со Славчо Георгиевски и го именува Мирсад Јонуз за нов тренер. Поранешниот македонски селектор и еден од нашите најреномирани тренери се враќа да работи во клупскиот фудбал во нашата земја по цели дваесет години, откако во 2003 година беше тренер на Работнички.
Јонуз ќе се обиде да го спаси Скопје од испаѓање, со оглед дека тимот во моментот е последен на табелата со 13 бода, колку што има и Победа. Дебито на новиот тренер е закажано за в среда против Македонија ЃП.