Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на вечерашниот митинг во Гевглеија ги посочи клучните ветувања за следниот мандат.

„Она што го ветуваме за мандатот 2024-2028 година тоа е просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра, минимална пензија од 20.000 денари и просечна од 30.000 денари, 200 евра финансиска поддршка за сите нововработени млади до 29 години, нова финансиска помош во поголеми износи за млади земјоделци, зголемена помош за земјоделството 1,35 милијарди евра за четири години и зголемување на финансиска помош за компаниите од 100 на 180 милиони евра“ порача Ковачевски.

Тој додаде дека до крајот на следниот мандат, односно до 2028 година стапката на невработеност ќе биде едноцифрена.

„Невработеноста ќе биде 7% до крај на мандатот“ рече Ковачевки на митингот во Гевгелија.