Талентираниот 21-годишен голман Џанлуиџи Донарума има договор со Милан до летото оваа година.

Донарума во моментов е главна грижа на „росонерите“ и на „Сан Сиро“ сакаат да го задржат по секоја цена и да ја продолжат соработката. Сепак, имајќи предвид дека за кариерата на Италијанецот се грижи Мино Раиола, за кого парите секако се најважни, постои можност заколнатиот Миланиста да се најде во дресот на друг великан.

Имено, некои медиуми објавија дека Донарума, додека Милан се обидува да постигне договор за продолжување на соработката, му го дал зборот на Манчестер Јунајтед и дека тој ќе се пресели на „Олд Трафорд“ на лето без обештетување.

Тоа во голема мера ќе го шокира Милан кој му даде шанса на Донарума кога имаше само 16 години. Поточно, тоа го стори поранешниот тренер Синиша Михајловиќ, а Донарума го забележа својот 200-ти настап во Серија А против Интер. На пример, легендарниот Буфон стигна до само 200 настапи во Италија на 24-годишна возраст, а Донарума тоа го стори на 21-годишна возраст .

Тој дефинитивно е еден од најталентираните и најдобрите голмани во Европа. Давид де Геа е одличен голман, но Манчестер претходно сакаше да го замени. Ќе видиме што ќе донесе летото, но Милан нема да се откаже од Донарума и на крајот ќе се обиде да најде заеднички јазик со него и неговиот агент.