Премиерот Христијан Мицкоски ги повика сите бегалци од правдата да се вратат и да се соочат со доказите пред органите.

Прашан од новинарите дали соработуваат со албанските власти, по информациите дека поранешниот вицепремиер, Артан Груби, се наоѓа во Албанија, Мицкоски рече дека не би сакал да шпекулира и да открива детали.

„Не би сакал да шпекулирам. Ги повикувам сите кои се бегалци од правдата да дојдат за да се соочат со фактите и доказите пред органите, за да можеме да извлечеме заклучок дали се виновни или не. Не би можел да откривам било какви детали поврзани со бегалците од правдата“ одговори Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по централната литургија по повод празникот Божиќ.

Груби заедно со поранешниот директор на „Државна лотарија“, Прпарим Бајрами, не се достапни за органите на прогонот и се бараат со меѓународна потерница поради обвинение за криминал од 8 милиони евра во Лотарија.

Текстот Мицкоски ги повика бегалците од правдата да се вратат дома е превземен од МАКФАКС.