Премиерот Кирјакос Мицотакис, во 19.30 часот ќе упати ТВ порака до граѓаните за пандемијата и мерките за заштита на јавното здравје, соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер.
Областа Атика, поширокиот регион на Атина, поради влошената епидемиолошка слика, веројатно се наоѓа на чекор до дополнителни рестриктивни мерки и уште построг карантин, јави дописничката на МИА од Атина.
Мицотакис денеска свика вонреден состанок со надлежните министри, на кој присуствуваа и шефот на комисија на епидемиолози и претседателот на Националната организација за јавно здравје и како што рече министерот за здравство биле разгледани, епидемиолошките податоци и состојби.
-Премиерот побара Комисијата на епидемиолози вонредно да се состане за да го разгледа преземањето мерки за Атика, рече министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас, по завршувањето на состанокот во премиерската палата и додаде дека надлежната комисија ќе се состане, ќе даде препораки, а потоа ќе бидат објавени евентуалните мерки.
Министерот за здравство на Грција утрово, во интервју рече дека неговата препорака до комисијата е во Атика да се воведен строг „локдаун, веројатно како минатиот март“.