„Netflix“ го објави официјалниот трејлер за новиот филм „Thunder Force“, кој пристигнува на оваа платформа на 9 април.
Филмот е во режија на Бен Фалкон, а главните улоги ги толкуваат Мелиса Мекартни и Октавија Спенсер.
„Thunder Force“ е комедија за две најдобри пријателки кои стануваат суперхерои. Трејлерот открива дека Лидија после долго време се сретнува со нејзината најдобра пријателка од детството, Емил Стејнтон, успешна научничка која развила технологија која на обичните луѓе им дава супермоќи.
Лидија случајно ја зема формулата која ѝ дава супермоќи, ненамерно создавајќи го првиот вистински суперхеројски тим. Кога новиот негативец познат како „The King“ ќе стигне во градот, пријателките се здружуваат да го спасат градот.
Ова не е прва соработка помеѓу Мекарти и режисерот Фалкон, тие претходно соработуваа во филмовите „Tammy“, „The Boss“ и „Life of the Party“.
„Thunder Force“ е еден од 71 филмови што „Netflix“ планира да ги објави оваа година.