Здравствените придобивки од медот се општопознати, па како што сѐ повеќе луѓе го исфрлаат белиот шеќер од исхраната, бараноста на медот сѐ повеќе расте.
Нутриционистите советуваат овој еликсир да се додава во овесна каша, како и во други здрави специјалитети. Како што пишува хрватскиот портал „Пословни“, медот е идеална, сосем природна замена на шеќерот. Општите препораки гласат – за поздраво тело, да се зема по една кафена лажичка мед секој ден.
Редовното консумирање мед го зајакнува имунолошкиот систем, но тоа е само една од многуте корисности.
Полезен е за крвоткот, ја зајакнува силата на срцето и го подобрува срцевиот ритам, а делува и против стрес. Покрај тоа, го подобрува варењето на храната, како и обновувањето на ткивата, па и на крвните садови.
Медот има и антибактериско дејство, па помага и во исфрлањето штетни и токсични материи од организмот.