Александар Митровиќ, за само десетина минути од херој стана трагичар на Фулам. Српскиот напаѓач го постигна првиот гол на „Олд Трафорд“, против Манчестер јунајтед во четвртфиналето на ФА купот, а потоа доби црвен картон. Митровиќ доби црвен картон откако протестираше на судиската одлука да биде досуден пенал за Јунајтед.
Најпрвин тој вербално го нападна судијата Крис Кавано, потоа му се внесе во лицето и го пцуеше. Србинот е соочен со драконска казна за овој инцидент.
Англиските медиуми пишуваат дека веројатно за него сезоната е завршена, предвидуваат дека ќе добие забрана за настап на наредните 10 натпревари.
Поради сличен инцидент во 1998 година, италијанецот Паоло Ди Канио доби суспензија на 11 натпревари.