Претседателот на Светската медицинска асоцијација, Франк Улрих Монтгомери, смета дека медицинскиот персонал не треба да се вакцинира со вакцината на Астра Зенека.

Монтгомери за германскиот дневен весник „Рајнише пост“ изјави дека вакцината е безбедна како и другите вакцини, но нејзината помала ефикасност не може да се игнорира.

„Верувам дека луѓето со поголем ризик од инфекција, меѓу кои се медицински персонал и негователи, треба да бидат вакцинирани со поефикасна вакцина“, нагласи тој.

Монтгомери рече дека го разбира медицинскиот персонал кој одбива да се вакцинира со АстраЗенека.

Монтгомери бара можност за избор со која вакцина сакаат да се вакцинираат луѓето.

„Мора да има избор на вакцина, за да останеме високо подготвени за имунизација“, нагласи претседателот на Светската медицинска асоцијација.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.