Медицинските сестри во Детската болница Козле во отворено писмо изразуваат незадоволство од односот и мобингот кој, како што велат, го трпат од педијатрите во установата, објави „Плусинфо“.
Тие се со надеж дека министерот Венко Филипче ќе дознае за нивната мака и ќе им го реши проблемот.
Ова однесување трае со години, но бидејки со децении работиме во иста установа, исти лекари мислевме дека така е секаде, дека медицинските сестри, всушност никој не ги вреднува. Коронава само ни ги отвори очите дека постои човек и нечовек, друго ништо. Ни професија ни позиција, велат медицинските сестри во писмото.
За да бидат задоволни пациентите, велат тие, треба персоналот да се почитува и
да соработува.
Сите сме вработени, сите имаме исти права, само што ние како сестрински персонал во некои работи сме малку подзаборавени. Се надеваме дека овој проблем ќе го разгледа министерот Филипче. Позади ова писмо стои поддршка и став на поголемиот дел од сестрински персонал кој брои над 90 сестри, и за разлика од дописите на педијатрите кои беа монтирани и инструирани на политичка база, овде станува збор за борба за опстанок, се вели во писмото.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.