Македонскиот прволигаш Академија Пандев е на чекор да доведе големо засилување за офанзивниот дел од тимот. Нов играч на “пандевци” треба да биде Матеј Цветановски.

Крилниот играч кој имаше одлични настапи во Вардар и во Шкупи, се враќа во македонскиот шампионат и треба да му пристапи на составот што го предводи Александар Васоски.

Академија Пандев ќе се бори за опстанок во вториот дел од првенството во Првата лига./Мakfudbal/

Прикажи повеќе