Едно лице загина, а три се ранети, од кои едно потешко, во престрелка што се случила синоќа во ресторан во градот Трновица, во месноста Зворник, во БиХ.
Полицијата трага по убиецот, соопшти СВР Зворник. Пукањето било пријавено во Полициската станица Козлук околу 23:05 часот, откако ранетите се пријавиле во Здравствениот дом во Зворник.
„Во полициската станица Козлук синоќа околу 23:05 часот било пријавено дека четири машки лица се пријавиле во Јавната здравствена установа Зворник со повреди здобиени од непознато лице во ресторан во Трновица, град Зворник. Од прострелни рани едно лице загина, а едно е тешко повредено“, соопштуваат од Полициската управа Зворник.
Полициските службеници на Полициската управа Зворник под надзор на Окружното јавно обвинителство Бијелина ги преземаат сите мерки и дејствија од нивна надлежност со цел расветлување на кривичното дело смртно убиство и пронаоѓање на сторителот.