Маслото од тиква е богато со витамините А, Е, Ц и К. Свежото масло содржи повеќе од 65% незаситени масни киселини.Исто така содржи и витамини од Б групата, незаситени масни киселини, омега 6 и 9, минерали (фосфор, калциум, магнезиум, калиум) и елементи во траги (железо, цинк, манган). Содржи и лецитин, белковини и салицилна киселина.
Неодамнешните истражувања на Националниот институт за здравје во Лондон докажаа дека користењето на маслото од тиква во исхраната дава најдобри резултати кај следниве здравствени проблеми:
– го регулира проблемот со зголемена простата
– го забрзува лекувањето на инфекциите на укринарниот канал кај мажите и жените
– го подобрува квантитетот и квалитетот на спермата
– го регулира нивото на холестерол
– помага кај кардиоваскулрните заболувања
– помага при иритирани црева, како и цревни паразити и болести
– ја подобрува и регулира работата на бубрегот
– го подобрува имунолошкиот систем
– позиитивно влијае на видот
– позитивно влијае на расположението
– изгорениците и различните заболувања на кожата
– поволно делува на тенот кај девата и адолесцентите
– поволно влијае на запирањето на опаѓањето на косата