Маските за лице го намалуваат ризикот од големи капки за 99,9%, поврзани со опасноста од ширење на коронавирусот кога лицето зборува или кашла, покажало истражување чии резултати ги објавија научниците во средата.
Лице во исправена положба на два метра од друго лице кое кашла без маска, е изложено 10 000 пати повеќе на ширење на капките што потенцијално го носат вирусот, објави списанието „Royal Society Open Science“.
Несомнено е дека маските за лице можат значително да ја намалат дисперзијата на капките што потенцијално го носат вирусот, изјави за Франс Прес водечкиот автор на студијата Игнацио Марија Виола, експерт за динамика на течности на Универзитетот во Единбург.
Авторите на студијата велат дека капките, кои се исфрлаат како проектил кога зборуваат или кашлаат, а потоа паѓаат на земја поради гравитацијата, се главниот двигател на преносот на вирусот Сарс-КоВ-2.
Помалите, пофини капки, кои го сочинуваат аеросолот, можат да останат во воздухот подолго време и да претставуваат ризик, особено во затворени лошо проветрени места, без струја на воздух, и кога луѓето не носат маски или ги носат погрешно, под носот.
Ние постојано издишуваме цела низа капки, од микро нивоа до милиметар, а некои паѓаат на земјата побрзо од другите, во зависност од температурата, влажноста и особено протокот на воздух, додава научникот.
Студијата се концентрирала на честички поголеми од 170 микрони во дијаметар, околу два до четирипати поголеми од човечката коса.
Аеросолните честички се помали од 20 до 30 микрони.
Во нашата студија, за поголемите капки што ги измеривме, зборуваме за намалување од 99,9 проценти, истакнува Игнацио Марија Виола.
Универзалното носење маски ќе го намали бројот на жртви во светот за 40.000 до 1 април, соопшти Институтот за здравствени метрика и проценки во Сиетл во Вашингтон.
Центрите за контрола и превенција на болести во Вашингтон велат дека маските не само што ефикасно блокираат поголеми капки, туку можат да блокираат и фини капки и честички, кои најчесто ги опишуваме како аеросоли, пренесува AFP.
Вирусот Ковид-19 има дијаметар од околу 0,1 микрон.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.