Сопственикот на „Твитер“ Илон Маск, изјави дека компанијата би можела да банкротира, откако доби предупредувањето од американските регулатори, а уште неколкумина извршни директори поднесоа оставки.

Компанијата е во хаос откако пред две недели Маск ја купи за 44 милијарди долари, по што беа отпуштени половина од 8.000 вработени, а беше воведено плаќање на верификација на профилите.

Во мејлот кој бил испратен до вработените, се наведува дека компанијата би можела да прогласи банкрот.

„‘Твитер‘ нема да биде во можност да го преживее претстојниот економски пад доколку не успее да ги зголеми приходите од претплатата, со што би се надоместил падот на приходите од реклами“, предупредил Маск.