Мултимилијардерот Илон Маск, повторно има намера да ја купи социјалната мрежа „Твитер“, јавува Би-Би-Си. Овојпат нуди 54,2 долари по акција. Изгледа дека купопродажбата би можела да се случи уште на 7. октомври.

Откако беше објавен интересот, вредноста на акциите на „Твитер“ пораснаа за 15%. Ова се случило после неколку месеци, откако најбогатиот човек на Светот беше подготвен да плати 44 милијарди долари.

Недиолго потоа се премисли и се откажа од купување, а „Твитер“ го тужеше и бараше од него да ја комплетира купопродажбата. Судењето требаше да почне на 17. октомври.

Маск како една од причините кои ги наведе за откажување на купувањето, ги наведе неточниот број на „ботови“ на оваа мрежа. Тој бараше судењето да се пролонгира, но Судот го одби.