Вработените на Твитер се огласија на социјалните мрежи стравувајќи дека ќе бидат отпуштени откако се појавија документи кои покажуваат дека Илон Маск планира да ја намали својата работна сила за 75 отсто.
Корпоративните документи до кои дојде „Вашингтон пост“ откриваат дека милијардерот им рекол на потенцијалните инвеститори во договорот вреден 44 милијарди долари дека планира да намали три четвртини од своите 7.500 работници.
Тоа ќе ја остави компанијата со само скелет персонал од нешто повеќе од 2.000 вработени, што според експертите ќе и отежне на компанијата за социјални медиуми да го отфрли она што го гледа како „дезинформација“.