
Три селекторски жртви паднаа веднаш по елиминацијата на националните тимови на Гана, Мексико и. На повидок е смена и во уругвајскиот табор, по испаѓањето во групата Х.
Уругвај имаше разочарувачко Светско првенство и со овој неуспех завршува работата на Диего Алонсо како селектор. Медиумите во оваа земја веќе најавија кој ќе биде неговиот наследник. Марсело Биелса, кој ужива култен статус на сите континентни, е пред промоција за нов предводник на двократниот светски првак.
Официјално за селектор би требало да биде назначен следната година, а негова главна цел ќе биде пласман на Светското првенство во 2026 година. Пред Диего Алонсо, Уругвајците долго време ги водеше Оскар Вашингтон Табарез.