„Подобар пат од ЕУ немаме, секоја друга алтернатива за земјава, ќе ги стимулира граѓаните да го бараат спасот надвор од државата. Ќе гледаат како да одат да работат во земјите-членки на ЕУ дали со својот или со друг пасош“ кажа вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „Здраво Македонијо“ на Канал 5.

Тој додаде дека низ процесот на пристапување во ЕУ токму тоа сакаме да престане, за да македонските граѓани со својот пасош да ги има исите можности и придобивки кои ги имаат и останатите граѓани на ЕУ.

„Процесот на европеизација или трансформација заради ЕУ е процес кој нам ни помага. Токму затоа треба и поддршка и помош од сите граѓани – да се почитуваат закоконите и да се користат можностите на ЕУ. ЕУ не е проект на кој треба да гледаме романтично, туку треба да се гледа како начин за подобрување на живтот“ кажа Маричиќ.

Тој додаде дека влезот во ЕУ не значи  и автоматско исчезнување на проблемите, но значи учество во систем кој има начини да ни помогне за да ги решиме проблемите, многу подобро и полесно отколку доколку сме надвор од тој систем.