Фудбалерот на Баерн и репрезентативец на Сенегал, Садио Мане им се приклучи на колективните тренинзи на клубот од Минхен, соопштија од редовите на германскиот шампион.
Мане изминатите неколку недели тренираше индивидуално, откако на 8. ноември минатата година на мечот од Бундеслигата против Вердер Бремен ја повреди фибулата на десната нога, поради што го пропушти Светското првенство во Катар.
Германските медиуми тврдат дека репрезентативецот на Сенегал ќе биде подготвен за натпревари во следните неколку недели, а на терените би можел да се врати на 8. март, во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите со Пари Сен Жермен.
Мане (30) минатото лето се пресели од Ливерпул во Баерн, а оваа сезона за германскиот клуб одигра 23 натпревари и постигна 11 голови./Makfax