Францускиот претседател Емануел Макрон во Бангкок ги повика азиско-пацифичките земји да се приклучат на „зголемениот консензус“ против војната во Украина, нагласувајќи дека војната е и „нивни проблем“.

Advertisements

„Приоритет број еден на Франција е да придонесе за мирот во Украина и да се обиде да создаде глобална динамика за притисок врз Русија“, рече Макрон на самитот на лидерите на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК).

Макрон рече дека Франција сака многу блиска соработка со различни земји како Кина, Индија, земјите од Блискиот Исток, Африка, Латинска Америка, со цел да се создаде растечки консензус.

Според него, тие земји треба да кажат и дека војната во Украина е и нивен проблем бидејќи создава дестабилизација.

„Помогнете ни да испратиме порака до Русија – запрете ја војната, почитувајте го меѓународниот поредок, вратете се на (преговарачка) маса“, додаде Макрон.

Прикажи повеќе