Францускиот претседател Емануел Макрон денеска на маргините на климатскиот собир COP27 во Египет изјави дека сака да создаде притисок врз „богати неевропски” земји, особено на САД и Кина, за да го платат нивниот дел од помошта за сиромашните држави соочени со климатските промени.

„Мораме да ги имаме САД и Кина” целосно вклучени во прашањето за намалување на емисиите на стакленички гасови и финансиската солидарност, посочи Макрон во Шарм Ел Шеик за време на средбата со младите Французи и Африканци посветени на климатскиот активизам.

Според Макрон, Франција и Европа се на вистинскиот пат кога е во прашање намалувањето на емисиите, но и поголеми земји мора побрзо да постигнат јаглеродна неутралност.

На агендата на собирот во Египет ставено е и прашањето „загуби и штети”, механизмот за отштета на сиромашните држави за справување со последиците од климатските промени, а ќе се зборува и за неисполнетото ветување за 100 милијарди долари помош на земји во развој за зелена транзиција.

Прикажи повеќе