Францускиот претседател Емануел Макрон денеска, на донаторската конференција за Молдавија во Париз, најави дополнителна меѓународна помош за земјата во износ од над 100 милиони евра .
Макрон рече дека помошта треба да биде насочена кон помагање на Молдавија да се справи со енергетската криза.
Молдавската претседателка Маја Санду потенцираше дека нејзината земја се соочува со акутна енергетска криза.
Претходно денеска Германија вети уште 32 милиони евра помош за Молдавија.