Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика во понеделникот на вечера директорите на група европски големи компании, за да го одговори од селење во САД, кои ги мамат со пониските цени на енергијата и даночни поттикнувања.
Европските политички челници се силно вознемирени од мрките коишто ги усвои администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, нудејќи има на европските големи компании, меѓу другото, даночни олеснувања за производите од домашните американски фабрики.
Индустријата во Европската унија предупредува дека САД со овие мерки стануваат поконкурентна дестинација за вложувањата од Европа.
„Европа мора поагресивно да ја штити својата индустрија, бидејќи таа ќе се исели“, изјави за весникот Les Echos викендов Ерик Трапие, извршен директор на „Dassault Aviation“ и челник на Француската федерација на металската индустрија.
„Имаме тешкотии со компаниите кои почнуваат да размислуваат за селење на производството во странство и за идните инвестиции надвор од Европа“, изјавил за Reuters неименуван француски функционер, наведувајќи ги како причина високите трошоци за енергија и американските закони.
На вечерата во Елисејскиот дворец францускиот претседател Макрон денеска ќе се обиде да ги наговори челниците на европските компании, вклучително и на хемиските групации „Solvay“ и „Air Liquide“, автомобилските гиганти „Volvo“ и „BMW“, фармацевтскиот гигант „AstraZenecа“ и телекомуникациските компании „Ericsson“ и „Orange“, да останат во Европа. Покрај тоа, Макрон сака тие да вложуваат во Франција.
Не е познато што францускиот претседател конкретно ќе им каже на челните луѓе на компаниите за да ги увери да се откажат од селидбата во САД. Франција минатиот викенд претстави бројни мерки со коишто на домашните компании сака да им го ублажи товарот од високите сметки за струјата.
Европските компании се сѐ погласни во критиката на огромниот раст на цените на енергијата во Европа, и не се толку наклонети како нивните влади вината за тоа да ја ставаат само на руската инвазија во Украина.
Макрон претходно ја повика ЕУ да се води од примерот на САД и да ги повика државните тела да купуваат европски производи и со тоа да го поддржат европското производство, но наиде на отпор од противниците на протекционизмот меѓи земјите членки во ЕУ.