Македонската фудбалска репрезентација со пораз ја заврши годината откако на Националната Арена „Тодор Проески“ загубивме од Азербејџан со 3-1 Во седмиот меѓусебен дуел, Азербејџан дојде до првата победа против Македонија, реализацијата на избраниците на Благоја Милевски и овојпат беше проблем.

Advertisements

Македонија поведе на натпреварот, во 25. минута Енис Барди погоди од пенал и донесе предност за нашата репрезентација од 1-0. 13 минути подоцна Елвин Цафаргулиев донесе израмнување на 1-1. По шест минути игра во второто полувреме, Бобан Николов доби втор жолт картон, Македонија остана со фудбалер помалку.

Предноста од фудбалер повеќе Азербејџан ја искористи во 65. минута кога Муса Кирбанли даде гол за комплетен пресврт и водство на Азербејџан од 2-1.

Во 75. минута силите беа израмнети откако Хојат Хахверди доби црвен картон. Следуваа две пречки на Македонија, најпрво Јани Атанасов, а потоа Енис Барди ја погодија гредата од голот на Азербејџан. Откако ние не ги искористивме шансите, казната стигна при крајот на мечот кога Рамел Шејдаев погоди за конечна победа на Азербејџан од 3-1.

Формата на македонската репрезентација оди во надолна линија, а следен предизвик се квалификациите за ЕП кои почнуваат во март.

Прикажи повеќе