На новата 2021 година гледаме оптимистички. Австрија ја поддржува Северна Македонија со итно потребните медицински средства. Австрија исто така ќе даде на располагање 5% од сопствените дози на вакцини против Covid-19, сподели во новогодишната честитка австрискиот амбасадор во земјава Георг Вуцас. 

Тој додава дека Европската унија не би била комплетна без интеграцијата на Западен Балкан, а токму затоа Австрија, во рамки на процесот на интеграција, максимално се залага за што е можно поскоро одржување на првата меѓувладина конференција во 2021 година.

Австрискиот амбасадор посочи и дека многумина се погодени од теророт насекаде во светот, кој во 2020 година, за жал, се случи и во Виена.

– Изразеното сочувство тука во Северна Македонија многу нè трогна нас во амбасадата, посочи Вуцас.