Случаи на мајмунски сипаници се истражуваат во неколку европски земји, САД, Канада и Австралија, објавија здравствените власти. Последните случаи се регистрирани во Франција, Италија, Шведска и Австралија.

Мајмунски сипаници е болест карактеристична за зафрлени делови на централна и западна Африка и случаите надвор од овој регион најчесто се поврзани со патувањата во тие подрачја. Станува збор за ретко вирусно заболување кое вообичаено е благо и заразените заздравуваат за неколку недели. Вирусот не се пренесува така лесно помеѓу луѓето, па ризикот од поголемо ширење е многу мал.

Во Велика Британија досега се потврдени девет случаи на мајмунски сипаници, 13 во Канада, пет во Португалија и седум во Шпанија.

Во Европа нема одобрена вакцина за мајмунски сипаници, кои спаѓаат во истата група вируси како мали сипаници. Симптомите вклучуваат осип, треска, главоболка, болки во мускулите, болки во грбот, отечени лимфни јазли, треска и исцрпеност.