Нема лимити за Мајли Сајрус кога има причини за прослава. А овој пат причината е одбележување на успехот на нејзиниот седми студиски албум „Plastic Hearts“.

Пејачката позираше качена на автомобил во светкаво розева комбинација, а изгледот го дополнила со впечатливи чизми со високи потпетици.

Instagram
Instagram

Сајрус со објава на својот инстаграм – профил им се заблагодари на своите обожаватели што помогнаа во одржувањето на нејзиниот албум на рекордниот број 1 на американските рок – листи повеќе од еден месец.

Пет недели број 1 на рок-топ-листите со „Plastic Hearts“. Се чини дека е тешко време да се биде среќен со толку многу тага околу нас, но поддршката што ми ја покажавте не може да се занемари“, напиша Мајли.

Instagram
Instagram

Мојата најголема благодарност до сите што го слушаат и се поврзуваат со овој албум“, додаде таа.

Instagram
Instagram

Пејачката воедно изјави дека постојано размислува за времето кога ќе може повторно да се сретне со своите обожаватели и дека со душа чека да заврши целиот овој циркус.