Мјузиклот „Diana“ ќе биде претставен на „Netflix“ во октомври оваа година, два месеци пред да се изведе на сцената на Бродвеј, пишува „Variety“.
Претставата за трагично починатата принцеза требаше да се прикаже во март минатата година, но беше одложена поради пандемијата на коронавирусите.
Мјузиклот ја раскажува приказната на принцезата Дајана која е во центарот на вниманието на јавноста по свршувачката со принцот Чарлс и се обидува да го најде своето место во британското кралско семејство. Наскоро сфаќа дека е заробена во брак без љубов и се обидува да го крене гласот и да се избори за себе.
„Netflix“ во октомври ќе претстави верзија од мјузиклот снимен во 2020 година во режија на Кристофер Ешли, за жал, оваа верзија е снимена без публика.
Улогата на Дајана ја толкува Џиана де Вал, принцот Чарлс го игра Ро Хартрамф, а Камила Паркер ја токкува актерката Ерин Дејви. Улогата на Кралицата Елизабета Втора, пак, ја игра Џуди Кеј.