По успешната сезона во Formula 1, британскиот возач Луис Хамилтон помага во развојот на хиперавтомобилот Mecedes-AMG One

Хамилтон тесно соработува со тимот кој работи на проектот Mercedes-AMG One, кој ги отвора вратите за уште два електрифицирани модели, како и доаѓањето на новата AMG технологија наречена E Performance.

Mercedes-AMG One ветува дека ќе ја подигне границата на ниво што претходно се сметаше за невозможно, а неговото „срце“ доаѓа од Formula 1. Оваа „ракета“ се придвижува со 1.6-литарски V6 хибрид од болидот на Mercedes-AMG Petronas, кој развива повеќе од 1.000 КС. Автомобилот има голем број активни аеродинамични компоненти кои се позајмени од Formula 1.

„Не можам да верувам дека наскоро ќе имаме хиперавтомобил со мотор од Formula 1. Ја освоивме шампионската титула со овој мотор во 2015 година, учествував во развојот долго време. Го возев Project One за време на снимањето за новата кампања и многу сум горд на трудот кој Mercedes-AMG го вложи во проектот. Овој автомобил е навистина уникатен“, вели Хамилтон.