На помалку од една недела до почетокот на Светското првенство во Катар, Луис Енрике се чини дека е веќе подготвен. Не само да ја води својата Шпанија, туку и да влезе во улога на… стример.

Advertisements

Веста ја соопшти самиот тренер на „Црвените фурии“, кој најави дека има намера да ја зголеми врската меѓу шпанската репрезентација и нејзините навивачи со директен линк на Твич ТВ.

Во видеото кое стана вирално, селекторот на Шпанија сака директна линија со навивачите.

„Ќе одиме во зори на 18-ти, мислам дека ќе можеме да се поврземе онлајн истиот ден. Сакаме да ја продолжиме оваа стриминг врска цело време додека сме таму. Знам, тоа е луда идеја, да се создаде директна врска особено со оние кои се заинтересирани за информации дадени од перспектива различна од вообичаената. Комуникација без филтри, но спонтана,“ рече Енрике.

Ова е голема вест за Шпанија и пред се за Луис Енрике, кој изгледа сака да создаде директна врска со шпанските навивачи. Вистинска револуција.