Германската Луфтханза соопшти дека ќе мора да откаже 800 летови денеска, што веројатно ќе влијае врз 130.000 патници, откако синдикатот на пилотите најави еднодневен штрајк. Синдикатот вчера соопшти дека преговорите за платите пропаднале и дека пилотите на Луфтханза ќе одржат 24-часовен штрајк, почнувајќи веднаш по полноќ во четврток, што ќе влијае и врз патничките и на карго услугите. Луфтханза соопшти дека откажувањето на летовите ќе биде на аеродромите во Франкфурт и Минхен.

Синдикатот бара зголемување на платите за 5,5% оваа година за своите повеќе од 5.000 пилоти и автоматски компензација за инфлација. „Се надеваме дека ќе се вратиме на преговорите што е можно поскоро“, рече портпаролот на Луфтханза. Штрајковите и недостигот на персонал веќе ги принудија авиокомпаниите, вклучително и Луфтханза, да откажат илјадници летови ова лето и предизвикаа повеќечасовни редици на главните аеродроми, фрустрирајќи ги туристите кои сакаат да патуваат по заклучувањето за ковид-19.

Прикажи повеќе