Пилотите на германската авиокомпанија „Луфтханза“ најавија штрајк за утре, што претставува голем удар за авиосообраќајот бидејќи засегнува милиони патници во светот.

Како што објавува Дојче веле, компанијата „Луфтханза“ објавила дека во петок ќе ги откаже речиси сите летови поради штрајкот.

Синдикатот на пилоти бара зголемување на платите за 5,5 отсто оваа година за повеќе од 5 000 пилоти. Сепак, како што соопштија од синдикатот, преговорите пропаднале.

„Ниту денеска не добивме доволна понуда“, изјави портпаролот на синдикалната организација, Матијас Баер.

Штрајкот ќе влијае и на патничките и на товарните летови, наведува ДВ.

Прикажи повеќе